„Не можев ни да замислам дека еден ден ќе бидам пријател со Кире Лазаров“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Средниот бек на Нант, Рок Овничек ја игра неговата втора сезона во францускиот тим, а има чест да ја дели соблекувалната со легендарниот македонски ракометар Кире Лазаров.

Овничек во интервју за словенечки портал зборуваше за Лазаров и кажа дека не можел ниту да замисли пред неколку години дека ќе биде пријател со македонскиот ракометар.

„Системот во кој играме тука ми одговара, одлично се сложувам со соиграчите и тренерот. Многу ми помогна Лазаров, од него се обидувам да учам колку што е можно повеќе затоа што од таков играч имате многу што да научите. Пред три години не можев да замислам дека еден Лазаров ќе ми биде пријател. Навистина сум пресреќен што имам можност да играм со него“, кажа Овничек.