Не му доаѓа памет: Диего Коста направи нови проблеми во Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста денеска направи уште еден голем скандал во Атлетико Мадрид.

Бразилецот со шпански пасош не се појави на тренингот на Атлетико, па одбил да тренира наводно поради проблеми со коленото, иако прегледите покажале дека не е повреден.

Повредата на коленото е само изговор за Коста, зашто 30-годишниот напаѓач ќе се соочи со голема казна бидејќи е почната постапка против него поради црвениот картон во мечот против Барселона.

Во тој дуел искусниот фудбалер беше исклучен по само половина час игра, па потоа беше откриено дека го пцуел судијата и доби казна од осум натпревари, па за него сезоната е завршена.