Не му е првпат: Голманот на Виљареал одбрани со рака, а Суарез бараше – пенал! ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетико Мадрид одигра 0-0 против Виљареал на „Ванда Метрополитано“, а во центар на внимание беше Луис Суарез поради негова чудна реакција.

Суарез е познат како некој што ја користи секоја ситуација за да се буни кај судијата или да бара нешто во своја корист, но овој пат неговиот потег немаше логика.

При еден напад на Атлетико, голманот Асењо интервенираше, а Суарез на втората статива побара пенал затоа што чуварот на мрежата играше со рака.

Ова не му е првпат затоа што нешто слично му се случи и минатата година.