Не му требаше долго: Чави постави рекорд во Ла Лига


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Тренерот Чави Ернандез и првата ѕвезда на тимот Роберт Левандовски ја одржуваат Барселона на врвот на Ла Лига, барем додека Реал Мадрид не го одигра мечот со Осасуна.

Барселона вчера славеше против Мајорка и стигна до 19 бодови сезонава, а херој во триумфот беше Левандовски.

Оваа победа на каталонскиот гигант значеше и рекорд за Чави, кој остана непоразен на 18 гостувања како тренер на Барселона и тоа е нов рекорд. Претходниот рекорд го имаше Зинедин Зидан, кој го тренираше Реал Мадрид.

„Сме урнале рекорд? Тоа не ни е важно ако не освојуваме трофеи. Добрите резултати на гостински терен покажуваат дека сме одлични, но сепак мора да освојуваме титули“, вели Чави.