Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Анте Ребиќ по елиминацијата од Шпанија на Европското првенство (ЕП) доби голем број критики, па напаѓачот на Милан реши да одговори низ неколку пораки на Инстаграм.
Еден од тие кои го критикуваа беше и самиот селектор Златко Далиќ, па Ребиќ реши да му испрати брутална порака.
„Жал ми е што немавме некој добар да ја искористи оваа талентирана генерација“, кажа Ребиќ за Далиќ.
Потоа и Роберт Просинечки и Горан Влаовиќ ги навреди, а веднаш доби одговор од двете легенди кои не сакаа да му останат должи.
Во целата драма се вмеша и популарниот Мирослав Чиро Блажевиќ, кој ја однесе Хрватска до третото место на Мундијалот во 1998 година.
„Жал ми е затоа што Ребиќ ми беше омилен играч. А по оваа изјава, тој за мене и за репрезентацијата повеќе не е жив човек. Такво нешто не смее никој да каже. Тој го предаде Далиќ и цела нација“, кажа Блажевиќ.