Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот фудбалер на Ајакс, Давид Нерес неодамна имаше интересно интервју за медиумите, во кое откри како успеал да го освои срцето на Кира.
Нерес на Инстаграм испратил порака: „Јас сум Нерес, дојди кај мене“, а тоа било доволно за да реши девојката да ја помине ноќта во неговиот стан.
„Не морав многу да се трудам околу мојата девојка, ја видов на Инстаграм и испратив приватна порака: Јас сум Давид Нерес, фудбалер на Ајакс, дојди кај мене. Тоа беше доволно“, кажа Нерес.
По оваа изјава, следуваа голем број критики на сметка на неговата девојка, по што Нерес кажа дека тоа било шега, но очигледно сите тоа не го разбрале така.
Едуардо Мартинез-Олива е голман на шпански третолигаш, а на Твитер реши да направи нешто слично како Нерес.
„Здраво, јас сум Едуардо Мартинез, дојди кај мене“, напишал голманот.
Сепак, резултатот воопшто не бил добар, зашто девојката му удрила „корпа“.