Не помагаат ни арапските милиони, Нејмар одби огромна понуда поради Барселона


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нејмар е упорен во желбата да се врати во Барселона по секоја цена. Бразилецот го напушти „Камп Ноу“ во 2017 година за рекордни 222 милиони евра и се пресели во ПСЖ, а тоа на крајот се покажа како голема грешка.

Иако во Франција играше одлично, сепак Нејмар не успеа да освои ништо повеќе од домашните трофеи, а се скара и со управата и навивачите, па имаше проблеми и надвор од теренот.

Нејмар беше на праг да се врати во Барселона минатото лето, но ПСЖ остана упорен и го задржа Бразилецот во свои редови.

Сепак, како минува времето, така ПСЖ се наоѓа во поголеми проблеми затоа што Нејмар во 2022 година останува без договор и не сака да прифати понуда од 100 милиони евра и да потпише нов договор со францускиот гигант.