„Не потпишав со ПСЖ поради – пари!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативецот на Холандија, Жоржињо Вајналдум тврди дека не потпишал за ПСЖ поради пари, иако многумина го обвинија дека токму тоа е причина за неговото заминување од Ливерпул.

Вајналдум беше блиску и до трансфер во Барселона, но на крајот како слободен фудбалер потпиша за францускиот вицепрвак.

„Морам да признаам дека тоа беше многу тешка одлука. Од мали нозе навивам за Барселона и уште се сметам за навивач на клубот. Преговаравме и имам добро чувство. Разговарав со Леонардо и Покетино. Од тој момент преговорите беа едноставни. Не стануваше збор за пари зашто понудата беше мала. Ги негирам сите шпекулации дека во ПСЖ дојдов поради пари“, вели Вајналдум.

ПСЖ летово се засили уште со Џанлуиџи Донарума, Серхио Рамос и Ашраф Хакими, а сега тргна по потписот на Пол Погба.