Не престануваат да носат Португалци, Вулверхемптон пред договор со Барселона за играчот кој е прецртан од Куман


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Од таборот на Вулверхемптон се многу блиску до договор со Барселона за услугите на еден фудбалер.

Премиерлигашкиот клуб го посакува десниот бек на каталонскиот клуб и е пред договор за негов дефинитивен трансфер на Островот.

Вулверхемптон за услугите на Семедо ќе треба да издвои околу 30 милиони евра, сума која двете страни се согласиле дека е доволна за играчот.

Засега преговорите се одвиваат само на релација меѓу клубовите, а Вулверхемптон допрва ќе стапи во преговори со самиот играч за да ја договори неговата плата.