„Не сакав да потпишам за Арсенал, но дојдов зашто на моето семејство му требаа пари“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез стигна во Арсенал во 2010 година, а член на првиот тим стана две години подоцна, но никогаш не доби вистинска шанса.

Често заминуваше на позајмици, а во 2020 година потпише за Астон вила и тоа се покажа како одличен потег. Мартинез беше неверојатен минатата сезона, а стана и прв голман на Аргентина.

Одличниот 29-годишен голман откри во разговор со француските медиуми дека не сакал да потпише за Арсенал како тинејџер, но тоа го направил затоа што на неговото семејство му требале пари.

„Арсенал дојде по мене. Тренерот ми кажа дека ова е шанса која се добива само еднаш во животот. Исто размислуваше и моето семејство, па мојата преселба беше нивна одлука. Не сакав да заминам, но на моето семејство му требаа пари“, вели Мартинез.