Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан на гостување во една српска емисија кажа дека неговиот син најверојатно нема да учествува на Австралијан опен ако продолжат организаторите со уцени.
Според негово мислење не само Австралија опен, туку и власта го уценува Ѓоковиќ, а сега се јави и Мартин Пакул, министерот за спорт во владата на Викторија.
„Ако сте тенисер кој доаѓате во Австралија или спортист, тогаш ваша должност е да сте одговорни кон заедницата која ве прифаќа. Затоа ние бараме да ги почитуваат законите“, вели министерот.
Министерот кажа дека таткото на Ѓоковиќ не ги разбрал пораките и кажа дека властите никого не уцениле.
„Тоа не е уцена, туку ќе се погрижиме заедницата во Викторија да биде заштитена. Ако не сака да игра на Австралијан опен, тогаш тоа е негова работа“, кажа тој.