Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот стрелец и фудбалер во Барселона, Лионел Меси во саботата во градското дерби против Еспањол постигна два гола во победата од 2-0 и така веќе десета сезона по ред ја премина границата од 40 постигнати голови.
Аргентинскиот репрезентативец уште еднаш потврди дека годините ништо не значат, а во триумот против Еспањол посебно се покажа со преубавиот гол за 1-0 од слободен удар.
Меси во сите натпреварувања постигна 41 гол, а со оглед на тоа дека Барселона до крајот на сезоната би можела да одигра уште 15 натпревари јасно е дека неговиот учинок може да биде многу подобар.
Меси во минатата деценија најмногу голови постигна во сезоната 2011/12 дури 73, а најмалку во сезоните 2013/14 и 2015/16 кога постигна 41 гол.
Одличниот Аргентинец сезонава постигна 31 гол во Ла Лига во 27 натпревари, двапати стрелаше во шпанскиот Куп, а во Лигата на шампиони погоди осум пати во шест меча.