Не знае за – стоп: Дончиќ урна уште еден рекорд во НБА-лигата (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс синоќа пред своите навивачи славеа против Кливленд кавалирс со 143-101, а одличен меч одигра младиот кошаркар Лука Дончиќ.

Далас успеа полесно од очекуваното да стигне до 10. победа во НБА-лигата, додека за Кливленд ова беше 11. пораз.

Дончиќ повторно одигра фантастичен меч и ги водеше Далас до нов триумф. Словенецот заврши со 30 поени, 14 асистенции и седум скокови, па успеа да урне уште еден рекорд во лигата.

Словенецот стана најмладиот кошаркар во НБА-историјата, кој во три меча по ред успеа да постигне најмалку 30 поени и повеќе од 10 асистенции.