Не знаеше каде се наоѓа: Жуниор го испрати Ојарзабал по „бурек“🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот талент Винисиус Жуниор сезонава игра во одлична форма во Реал Мадрид, па ги оправдува 45 милиони евра кои му беа платени на Фламенго за него.

Медиумите шпекулираа дека Реал Мадрид ќе го продаде Бразилецот затоа што е разочаран од Винисиус поради лошиот почеток, но тој влезе во одличен ритам.

Винисиус на 16 натпревари во Ла Лига постигна 10 голови и со Карим Бензема е еден од најдобрите фудбалери во клубот.

Реал Мадрид синоќа славеше со 2-0 против Реал Сосиедад, а еден гол постигна токму Бразилецот, кој во еден момент го збуни Ојарзабал, кој воопшто не знаеше каде се наоѓа.