Небескиот скок на Роналдо донесе победа на Јувентус против Сампдорија (Видео)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Екипата на Јувентус стигна до тешка победа на гостувањето во Џенова кај Сампдорија со 2:1.

Избраниците на Маурисио Сари ја имаа контролата на играта, меѓутоа тешко ги освоија трите бода кои ги кренаа на првата позиција.

Резултатот го отвори Пауло Дибала во 19. минута по асистенцијата на Алекс Сандро. Сепак, бразилскиот бег направи грешка по која Капари го израмни резултатот на 1:1.

Потегот на вечерта се случи во 45. минута кога Кристијано Роналдо летна во воздух и на одличен начин ја искористи втората асистенција на Алекс Сандро.

Во вториот дел не падна погодок иако и двата тима имаа свои шанси.