Неблагодарниот син се врати, го чекаат Бетмен и Робин за повторно да полета


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марио Геце се врати во Борусија Дортмунд.

Ова ретко се гледа, да го напуштиш матичниот клуб, да заминеш во најлутиот ривал и да се вратиш.

Сега и официјално, досегашниот фудбалер на Баерн Минхен, Марио Геце и официјално е нов фудбалер на милионерите со кој потпиша 4-годишен договор.

Ова дефинитивно ќе е тема за која ќе зборува цела Германија во следните денови бидејќи навивачите не заборавија кога Геце изјави пред финалето во ЛШ во 2013-та година против Баерн дека ќе се пресели во најлутиот ривал.