До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид последниве месеци не се бори само со проблемите на теренот, туку и со атмосферата внатре во клубот која сè почесто излегува во јавноста.
Тоа што особено боде очи е фактот дека постојано се говори дали на играчите им се допаѓа тренерот или не, како да се работи за личен избор, а не за професионална хиерархија.
Маноло Лама при гостувањето во емисијата „El Partidazo“ на радиото Cope отворено се покажа незадоволство од ваквата состојба, користејќи иронија, но и остри зборови.
Искусниот новинар не ја криеше фрустрацијата поради тоа што играчите, според неговото мислење, имаат премногу моќ кога станува збор за судбината на тренерот.
Особено се осврна на неодамнешното минато и заминувањето на Шаби Алонсо, за кого веќе тогаш се зборуваше дека имал затегнати односи со дел од соблекувалната.
Слична приказна, според наводите од Шпанија, сега го следи и Алваро Арбелоа, чии некои одлуки не наишле на одобрување кај сите играчи.
Како најконкретен пример се спомнува ситуацијата со Дани Себаљос, која дополнително разгорела приказни за незадоволство во тимот.
Лама одлучи дека нема повеќе обвивања и директно ги обвини играчите на Реал Мадрид поради постојаното преиспитување на тренерите.
„Јас мислам дека Реал Мадрид треба да направи референдум меѓу играчите да видат кој тренер им се допаѓа,” рече Лама со својата иронија.
Неговата иронија тука не застана, туку дополнително ја засили пораката за апсурдноста на ситуацијата.
“На некому тренерот не му одговара затоа што е премногу строг, на друг бидејќи наводно не знае тактика… Па нека гласаат и доведат таков со кого ќе освојат сè,” додаде тој.
















