„Неговото име е Диого, подобар е од Фиго“: Навивачите нема да го заборават Жота


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Рано утрово фудбалската јавност беше потресена од трагедијата за загинувањето на португалскиот напаѓач, Диого Жота, обожаван од секој навивач на клубовите за кои играше.

Тешко е да се добие песна од славниот Ливерпулов „Коп“ од легендарниот Енфилд. Тоа Жота успеа да го добие.

„Неговото име е Диого, подобар е од Фиго“, тоа беа зборовите со кои секогаш беше поздравуван секојпат кога ќе направеше нешто извонредно за „Црвените“. Такви моменти имаше многу за петте години колку што го носеше дресот на Ливерпул.

Ќе остане запаметен. Тоа е сигурно. Песната посветена на него живее и ќе живее на „Енфилд“.

Фото: Ливерпул ФК