Нејмар блиску до враќање во Барселона?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар е блиску до враќање во Барселона, откако пред неколку дена побара трансфер од ПСЖ.

Парижаните го прифатиле неговото барање и сакаат да го продадат, па веднаш во приказната се вклучи Барселона која го сака Нејмар на едногодишна позајмица со можност за откуп за 60 милиони евра.

Втора опција за Нејмар е заминување во Саудиска Арабија, каде што неколку екипи го следат и се подготвени да му испратат богата понуда.

Нејмар пристигна во Барселона за рекордни 222 милиони евра во 2017 година, а Бразилецот има понуда и од Лос Анџелес.