Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразил славеше во второто квалификациско коло за Светското првенство против Перу со 4-2, а мечот го одбележа хет-трикот на Нејмар.
Перу го отвори резултатот преку Кариљо по пет минути игра, но Бразил израмни преку Нејмар од пенал на 1-1, по што домаќинот повторно го врати водството со голот на Тапија.
Ричарлисон не им дозволи на домаќините премногу да се радуваат, па набрзо израмни на 2-2, а до крајот на мечот Нејмар со уште два гола ги постави конечните 4-2 и го комплетираше хет-трикот.
Нејмар со денешниот гол дојде до бројката од 64 голови во репрезентацијата, па пред него е само Пеле со 13 голови повеќе.