Нејмар добива милиони евра за да ги поздравува навивачите и да биде љубезен!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Не е тајна дека напаѓачот на ПСЖ, Нејмар е еден од најплатените фудбалери во светот, а „Мундо Депортиво“ открива некои интересни детали од неговиот договор.

Каталонскиот медиум тврди дека Нејмар до 2025 година ќе заработи околу пола милијарда евра плус пари од спонзорските договори.

Бразилскиот репрезентативец во 2017 година потпиша петгодишен договор со годишна плата од 43,3 милиони евра, а неодамна стави потпис на нова соработка до крајот на 2024/25 и ќе добива 50,5 милиони евра.

Нејмар исто така има клаузула според која треба да биде љубезен кон навивачите, а за тоа секоја сезона добива по шест милиони евра.