Нејмар „договорил“ враќање на „Камп Ноу“!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нејмар е цврсто решен да се врати во Барселона и повторно да заигра со Лионел Меси и Луис Суарез, барем така тврди „Мундо Депортиво“.

Бразилецот почнал да бара дом во Каталонија, а трансферот ќе се реализира ова или најдоцна во следното лето. ПСЖ не сака да го продаде, но Нејмар не попушта и најверојатно парижаните нема да имаат друг избор.

ПСЖ планира да го постави Килијан Мбапе за прва ѕвезда на клубот, а тоа тешко му падна на Нејмар и затоа ќе замине од „Паркот на принцовите“.

Токму тоа место би можел да го пополни Антоан Гризман, кој во Париз најверојатно ќе дојде како дел од трансферот на Нејмар во Барселона.