Нејмар донесе конечна одлука за иднината во ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар наскоро би требало да потпише нов договор со ПСЖ. Претседателот на клубот Насер-Ал Келаифи по мечот кажа дека неговата ѕвезда уште долго ќе го носи дресот на парижаните.

Ал-Келаифи долго време се обидува да го продолжи договорот на Нејмар, а очигледно конечно успеал во тоа.

„Нов договор за Нејмар? Убеден сум дека долго ќе остане тука“, кажа првиот човек на ПСЖ.

Нејмар на социјалните мрежи го прослави пласманот во полуфинале на ЛШ, а за медиумите откри дека останува во тимот.

„Нема потреба да се зборува дали ќе го продолжам договорот. Се чувствувам добро, ПСЖ ми е дом и многу сум посреќен“, вели Нејмар.

Бразилецот наскоро ќе потпише нов договор со францускиот клуб, кој ќе трае до 2026 година.