Нејмар е подготвен на неверојатен потег за да направи трансфер во Барселона


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер, Нејмар, е решен да направи трансфер во Барселона по секоја цена.

Вчера се појави шпекулација дека ПСЖ ќе му понуди нов, далеку побогат договор на Нејмар, а денес шпанските медиуми јавуваат дека фудбалерот бил подготвен да го одбие истиот.

Имено, Нејмар бил подготвен дури и да прифати далеку помали примања од сегашните кои ги има во ПСЖ за да се врати во Барселона. Нејмар сега заработува околу 50 милиони евра по сезона, а за да се пресели во Барса, барем како што пишува „Мундо депортиво“ бил подготвен да зема дури и за половина помалку од сегашните примања.