Нејмар е среќен што Мбапе остана, а тој сака да го избрка Бразилецот од Париз!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Килијан Мбапе вчера потпиша тригодишен договор со ПСЖ и така ги разочара сите во Реал Мадрид, но освен големата сума на пари, младиот напаѓач ќе добие и други привилегии во Париз.

Мбапе ќе може да бира кои фудбалери да бидат продадени и купени, а исто така ќе има голема улога и во бирање на нов тренер на клубот.

Французинот наводно побарал ПСЖ да го продаде Нејмар и да го купи Осман Дембеле, иако Бразилецот вчера кажа дека е среќен што Мбапе останува во клубот.

Парижаните очигледно ќе му ја исполнат желбата на младиот фудбалер и наскоро ќе почнат преговори со Дембеле, но засега не е познато дали се подготвени да го продадат Нејмар.