Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нејмар, фудбалерот на ПСЖ, наводно го повикал Лионел Меси во четвртокот за да го убеди Аргентинецот на преселба во Париз.
Тие двајца играа заедно во Барселона пред неколку години и заедно со Суарез го составуваа популарното трио „МСН“ кое доминираше во светот.
ПСЖ уште не го контактирал Меси, ниту Барселона, меѓутоа Нејмар почнал веќе со неговите адути. Голема улога во евентуален трансфер би можел да игра и Анхел Ди Марија кој е пријател со Меси.
ПСЖ летово ќе го напуштат Кавани, Силва, Чупо-Мотинг, Мение и уште неколку фудбалери, па така сигурно ќе има буџет за Аргентинецот.
Neymar talked to Messi over the phone on Thursday about the possibility of the Barcelona captain joining PSG, sources have told @LaurensJulien: https://t.co/xpWYylQcBG pic.twitter.com/NPSbxkqpUY
— ESPN FC (@ESPNFC) August 28, 2020