Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ПСЖ новата титула за Француски првак ќе ја прослави после натпреварот во претпоследното коло на Лигата 1 против Дижон која треба да се одигра на Паркот на Принцевите.
Парижаните уште пред неколку кола се стекнаа со титулата како најдобра екипа во Франција, но одлучија титулата да биде крената на последниот натпревар на домашен терен за оваа сезона.
Играчите утре ќе ја направат церемонијата, а меѓу славениците на теренот нема да бидат двајцата Бразилци, Нејмар и Маркињос.
Поради казната од Дисциплинската Комисија, Лига 1 со која двајцата се здобија поради ударање на навивач(Нејмар) и црвен картон(Маркињос), нив им е забранет пристап на теренот и тие нема да можат да прославуваат со останатиот дел од тимот.
Да се потсетиме, звездата на ПСЖ Нејмар доби жестока казна од страна на Фудбалската федерација на Франција(ФФФ).
Поради физичката пресметка со навивач на Рен во финалето на Францускиот Куп, Нејмар е суспендиран на пет последователни натпревари во било кое натпреварување.
Нејмар последниот натпревар го одигра против Анџерс изминатиот викенд, а најверојатно ќе ги испушти и двата натпревари за оваа сезона.
Од другата страна е бразилскиот штопер Маркинхос кој е суспендиран бидејќи на еден претстоен натпревар поради црвен картон против Анжерс и тој ќе паузира на дуелот против Дижон.
За жал, на теренот нема да можат да се појават за да ја прослават титулата, но сигурно вистинската прослава ќе започне откога ќе се напушти стадионот, а тука Нејмар би требало да го добие главниот збор.