Нејмар испиша историја со два гола за Бразил: Не сум подобар од Пеле (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар постигна два гола против Боливија (5-1) и така испиша историја, односно го надмина легендарниот Пеле и стана најдобар голгетер во историјата на Бразил.

Нејмар стигна до 79 голови за бразилската репрезентација, но по мечот кажа дека тоа не значи дека е подобар од легендарниот Пеле.

„Задоволен сум и среќен, никогаш не можев да помислам дека ќе стигнам до ваков рекорд. Среќен сум, но тоа не значи дека сум подобар од Пеле“, кажа Нејмар.