Нејмар испрати тајна порака: Пред мене е нов проект…


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Бразилецот Нејмар се врати минатиот викенд на фудбалскиот терен по два ипол месеци пауза поради скршеница на ногата.

Најскапото засилување на ПСЖ во историјата често се поврзуваше со заминување од Париз, а како нов тим се споменуваше Реал Мадрид.

Меѓутоа, двата клуба, па и таткото на Нејмар ги демантираше шпекулациите за трансфер. Сепак, Бразилецот повторно ги загреа шпекулациите со најновата објава на Инстаграм.

На Инстаграм објави тајна порака за која многумина сметаат дека е знак дека го напушта Париз наредното лето.

„Нов проект е пред мене, благодарам, благодарам…“, напиша Нејмар.

Сепак, постои можност и дека тоа го објави поради некоја нова реклама, која би можел наскоро да ја сними, но секако со неговиот потег привлече внимание.