Нејмар ја избриша реакцијата на пеналот на Барселона, но веќе беше доцна!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нејмар поради повреда не настапи во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони против Барселона.

Иако го немаше бразилскиот фудбалер на теренот, ПСЖ успеа да слави со убедливи 4-1, иако до првиот гол стигнаа домаќините.

Лионел Меси успешно реализираше пенал откако во казнениот простор падна Френки де Јонг, а Нејмар по досудениот удар од белата точка реагираше на Твитер и напиша „Тој пенал е шега“.

Ѕвездата на ПСЖ веднаш побрза да го избрише својот коментар, меѓутоа беше доцна затоа што веќе се прошири неговата реакција по социјалните мрежи.