Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Дејвид Бекам забрзано работи на носење на екстра играчи во својот нов клуб, Интер Мајами.
Клубот од Флорида за прв пат оваа сезона ќе игра во МЛС Лигата, но засега се уште нема потврдено ниту едно звучно засилување, а веќе почна да се гради ростерот кој ќе го носи товарот во деби сезоната.
Во интернет специјал Дејвид Бекам беше во друштво на Нејмар, и на оваа средба беше објавено дека паднал договор Нејмар еден ден да заигра за Инер Мајами.
„Америка е голема прилика, тие имаат други спортови во кои се најдобри, но фудбалот е во еден голем налет и мислам дека вистинско време е да дојдат најдобрите“ –изјави Бекам кој потоа му се обрати на Нејмар.
„Ќе ти дадам празен лист да потпишеш и тоа ќе биде твојот договор со Мајами за следните десет години, но нема да ти платиме баш многу“ –низ шега му кажа Бекам на што Нејмар возврати.
„Договорено. Јас прв прашав да играм за неговиот тим. Го сакам тоа и му го кажав истото на Бекам. Му реков дека ќе играм во неговиот тим еден ден. Мислам дека тоа е прекрасна прилика фудбалот во Америка да се развива. Како што реков, веќе имам договор со Дејвид, ќе бидам тука за неколку години. Во ова сме заедно, тој е мој претседател“ –изјави Нејмар.