Нејмар ќе се откаже од богатство за да се врати во Европа?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар неодамна се пресели во Саудиска Арабија за 90 милиони евра, но не е среќен во екипата на Ал Хилал.

Нејмар заработува по 150 милиони евра по сезона, а во моментов е на рехабилитација од скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено.

Искусниот фудбалер одиграно само пет меча во Ал Хилал, но не е среќен во екипата и сака да се врати во Европа.

Шпанските медиуми пишуваат дека 32-годишниот бразилски фудбалер е во контакт со Жоан Лапорта и преговара за враќање во Барселона. Нејмар во кариерата настапи на 186 меча за каталонскиот гигант и постигна 105 гола и 76 асистенции.