Нејмар најави дека ќе замине од ПСЖ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар во моментов е на пауза по напорната сезона, но најверојатно идната ќе игра во друг клуб.

„Мундо Депортиво“ објави дека Нејмар планира да се врати во Барселона, иако тренерот Чави Ернандез неколку пати кажа дека нема место за Бразилецот во оваа екипа.

Нејмар има сериозни проблеми во ПСЖ, откако се скара со навивачите, а не е во најдобри односи ниту со управата на клубот од Париз.

Проблем за каталонскиот гигант е неговата плата од 30 милиони евра годишно, па се шпекулира дека Бразилецот ќе замине во Каталонија, но дел од неговата плата ќе ја финансира ПСЖ.