Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо, наводно, повеќе не е омилен во соблекувалната на Јувентус и се шпекулира за негово заминување од клубот, посебно ако тимот не успее да обезбеди пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).
Како еден од тимовите кои сакаат да го ангажираат се споменува ПСЖ, кој неодамна го продолжи договорот со Нејмар, а сега Бразилецот зборуваше токму за ѕвездата на Јувентус.
„Наскоро ќе наполнам 30 години и задоволен сум со постигнатото во кариерата. Сакам да го освојам и Светското првенство со Бразил, тоа ми е најголем сон, но и останатите трофеи со ПСЖ. Никогаш не сум имал омилен европски клуб, ниту кога бев дете. Сакам да играм со Кристијано Роналдо. играв со големи имиња како што се Лионел Меси и Килијан Мбапе, но само уште со Роналдо не сум“, кажал Нејмар.