Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Фудбалерите на ПСЖ синоќа во фантастичен меч го совладаа Бордо со 4-3 во рамки на 26. коло од француската Лига 1, а Нејмар во судиското надополнување доби црвен картон.
Француските медиуми пред неколку дена објавија дека Нејмар по првпат по шест години нема да замине во Рио на карневал, но очигледно предвреме проценија.
Нејмар во претходните шест години наоѓаше начин да замине во Бразил на познатиот карневал, а двапати добиваше црвени картони додека играше за Барселона, додека претходните три години беше повреден токму во тој период.
Иако многумина веруваа дека овој пат карневалот ќе помине без Нејмар, сепак тие се излажаа. Бразилецот ќе има шанса барем неколку дена да биде дел од спектаклот во татковината.
Neymar red card PSG vs FC Girondins de Bordeaux#Neymar #neymarjr #psg #Girondins pic.twitter.com/uG1W4xXxpa
— oneminutegoal (@oneminutegoal) February 24, 2020