Нејмар не знае што прави: До вчера бегаше од Париз, а сега животот ќе го даде за ПСЖ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нејмар повторно постигна гол, трет во сезонава, а тоа беше потег кој му донесе нови три бода на ПСЖ и тоа против Бордо.

Во тимот се врати и Килијан Мбапе, па тие двајца за првпат играа заедно сезонава.

„Ќе го дадам животот за ПСЖ, тоа е мојот клуб, а головите се приоритет, како и победите“, кажа Бразилецот.

Бразилскиот фудбалер ја опиша ситуацијата со фановите како „бурна врска“, зашто тие не му веруваат повеќе.

„Тоа е како со девојка, имате лоши моменти, но на крајот завршува со бакнежи и прегратки“, објаснува Нејмар.

Се шпекулира дека би можел да добие нов договор, но останува да видиме дали има вистина во тоа.