Нејмар нема да игра за Бразил на Копа Америка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Бразил, Нејмар нема да биде подготвен за настап на Копа Америка која ќе се игра следното лето.

Нејмар ги повреди вкрстените лигаменти во коленото и се шпекулира дека нема да се врати на терените пред август идната година.

„Нема да има доволно време, Копа Америка е прерано. Очекуваме да биде подготвен за почетокот на следната сезона во Европа. Мора да бидеме трпеливи“, кажа докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар.

Копа Америка се игра од 20 јуни до 14 јули идната година.