Нејмар плачеше како мало дете: Страдам секој ден кога ме нема (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар по една година пауза се враќа на теренот откако се рехабилитира од тешката повреда на 17 октомври 2023 година.

Нејмар се повреди во дуелот против Уругвај, кога падна незгодно по еден дуел за време на натпреварот.

По неколку операции, долга рехабилитација и денови поминати надвор од теренот, Нејмар не можеше да ги задржи солзите пред камерата.

„Секој ден страдам кога ме нема. Тоа е она што најмногу ме боли“, кажа Нејмар.