Нејмар постигна договор и го „чекира“ билетот за сензационално враќање


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Нејмар ги договори сите услови и сака да се врати во својот матичен клуб – Сантос. 

Бразилските медиуми откриваат дека Нејмар сака да се врати, не направи никакви проблеми во личните барања. Преостанува уште да ги договори условите со Ал Хилал и спогодбено да го раскине договорот со клубот од Саудиска Арабија.

Нејмар има договор до јуни 2025 година, но Ал Хилал е подготвен да го раскине шест месеци пред истекот, односно оваа зима.

Нејмар речиси и да не играше во дресот на Ал Хилал, бидејќи веднаш по пристигнувањето доби тешка повреда на предните вкрстени лигаменти поради што паузираше една година. 

Тој чинеше високи 90 милиони евра, а покрај тоа имаше и плата од 200 милиони евра за две години договор, односно 100 по сезона.