На Нејмар му се здосади во ПСЖ, па сега сака да игра во Англија?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Нејмар наскоро би можел да се пресели во Премиерлигата од каде што интерес покажува Манчестер јунајтед.

Нејмар има желба да настапи во Англија, а „Ел Национал“ смета дека Бразилецот нема да има проблеми да си најде тим, зашто освен Јунајтед, има и други заинтересирани тимови.

Во Манчестер јунајтед минатото лето беа купени неколку големи засилувања, а најголемо беше Кристијано Роналдо, но ниту тоа не помогна за подобри резултати.

Тимот сега сака да ангажира ново квалитетно засилување, а Нејмар делува како идеален човек кој може да го предводи тимот заедно со Роналдо.

Јунајтед на почетокот го сакаше и Винисиус Жуниор, но Реал Мадрид не сака да пушти еден од најдобрите фудбалери, па затоа „ѓаволите“ ќе се обидат да го ангажираат Нејмар.