Нејмар пристигна во Барселона


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Нејмар ова лето на големо се поврзуваше со враќање во Барселона, но на крајот ПСЖ ги одби сите понуди од Каталонците и тој остана во Париз.

Нејмар не ја напушти Барса на баш најдобар начин, а за работата да биде полоша, неколку месеци по неговиот рекорден трансфер ги тужеше Каталонците. Имено, Нејмар и неговиот татко бараа пари за бонуси за лојалност, меѓутоа не ги добија.

Сега, Нејмар допатувал во Барселона каде утре тој и неговиот татко ќе се појават на суд поради обвинението на сметка на клубот. За работата да биде уште поинтересна, Барселона повела контра тужба против фудбалерот на ПСЖ.

Дали двете страни си простиле, останува да видиме во текот на утрешниот ден.