Нејмар призна: Ова е најлош момент во мојата кариера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач од редовите на ПСЖ, Нејмар призна дека во овој момент го минува најтешкиот момент во неговата кариера.

Напаѓачот беше поврзуван со заминување од ПСЖ ова лето , но на крајот тоа не се рализира и тој мораше да остане на „Паркот на принцовите“ каде не беше пречекан баш најдобро од фановите на клубот.

„Јас сум во најлошиот период од мојата кариера, имав две сериозни повреди во последните две години. Сега работам за лошите работи да не се вратат. Направив неколку грешки и свесен сум дека враќањето на довербата нема да биде лесно. Можам да кажам само дека да згрешиш е човечки, а грешките ти дозволуваат да научиш нешто ново. Кога играчот е добро и чувствува самодоверба на теренот прави многу поинакви работи, а тоа е многу важно“- изјави Нејмар.