Нејмар, Роналдо и Мбапе тагуваат по легендарниот Пеле (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина на 82-годишна возраст во болница во Сао Паоло, откако имаше рак на дебелото црево.

Нејмар објави емотивна порака на социјалните мрежи и се збогуваше со кралот на фудбалот.

„Тој го направи фудбалот – уметност и забава. Им даде глас на сиромашните. Го направи Бразил видлив. Фудбалот и Бразил го кренаа својот статус благодарение на кралот“, напиша Нејмар.

Мбапе, исто така, се збогуваше со Пеле.

„Кралот на фудбалот нè напушти, но неговото наследство никогаш нема да биде заборавено“, напиша Мбапе.

Сочуство испрати и Кристијано Роналдо.

„Го испраќам моето најдлабоко сочуство до цел Бразил, а посебно до семејството на Пеле“, напиша Роналдо.