Нејмар се брани од нападите: Не сум дебел, дресот ми е голем!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар жестоко беше критикуван од навивачите по мечот против Чиле, кој го доби Бразил со 1-0.

Нејмар одигра лош натпревар и имаше многу грешки на теренот, а Бразилците сметаат дека тоа е поради вишокот на килограми кои ги има.

Сепак, главната ѕвезда на ПСЖ тврди дека тоа не е вистина и нема вишок килограми, туку дека дресот му е премногу голем.

„Имам нормална тежина, но добив премногу голем дрес. Следниот пат ќе барам помал“, вели Нејмар.