Нејмар се враќа во Европа, спектакуларна „бомба“ во најава!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилската ѕвезда Нејмар би можел следното лето да се врати во Европа. Каталонски „Спорт“ пишува дека 32-годишниот Бразилец како слободен играч треба да стане ново засилување за Барселона.

Нејмар ги помина најдобрите денови од фудбалската кариера во Барселона. На „Камп Ноу“ пристигна во 2013 година од Сантос и во Каталонија остана четири години.

Барса го продаде во летото 2017 година на ПСЖ за сè уште рекордни 222 милиона евра. Бразилецот сигурно жали што замина во Париз затоа што таму мина шест години во кои често беше брутално потценуван од сопствените навивачи.

Често се зборуваше за неговото враќање во Барселона, а на крајот тоа би можело навистина и да се случи и тоа во летото следната година.

„Жоан Лапорта сака да потпише суперѕвезда за враќање на Камп Ноу следната сезона. Ерлинг Халанд e голема желба, но Нејмар е втората опција“, наведува каталонскиот „Спорт“.

Халанд сепак поради цената и сумите што ги заработува е нереална опција за Барса која е до „гуша“ во долгови, па опцијата за враќање на Нејмар засега е најизвесна.