Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата ноќ беа одиграни три интересни пријателски натпревари, а најмногу внимание привлече тој меѓу Бразил и Колумбија.
На крајот средбата заврши 2-2, а во прв план беше враќањето на Нејмар на теренот. Речиси сите поважни статистички параметри, освен резултатот, беа на страната на Бразил.
„Кариоките“ тргнаа одлично, па Касемиро погоди за 1-0 во 19. минута, а потоа Колумбија притисна, па преку Муриел израмни на 1-1.
Со водство од 2-1 Колумбија замина на полувреме, а потоа израмнување на Бразил му донесе Нејмар во 58. минута.
На останатите два натпревари, Мексико успеа да слави без проблеми против САД со 3-0, додека Костарика загуби на домашен терен од Уругвај со 1-2.