Нејмар се жали: Ова не е фер, постојано ме шутираат…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар уште еднаш се повреди и ќе пропушти важни натпревари до крајот на месецот.

Тој на дуелот против Каен во Купот на Франција мораше да ја напушти играта по дуелот со Стив во 56. минута.

ПСЖ објави дека нивната ѕвезда ќе мора да паузира четири недели надвор од терените, а Нејмар уште еднаш е разочаран што ќе мора да оди на рехабилитација.

„Тагата е голема, болката е силна. Уште еднаш морам да пропуштам важни натпревари и да престанам да играм фудбал. Понекогаш се чувствувам незгодно поради својот стил на игра, зашто кога дриблам постојано ме шутираат. Не знам дали проблемот е во мене или во тоа што го правам на теренот. Тоа навистина ме растажува“, вели Нејмар.