Нејмар со уште неколку соиграчи биле на Ибица и си закачиле Ковид-19


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ потврдија дека тројца фудбалери на клубот се позитивни на коронавирусот.

Француските медиуми објавија дека станува збор за Нејмар, Анхел Ди Марија и Леандро Паредес кои вирусот го закачиле на одмор на Ибица.

И тројцата по поразот од Баерн Минхен во финалето од Лигата на шампионите заминаа на одмор во шпанското туристичко место каде веројано го добиле опасниот вирус.

„Тројца играчи на ПСЖ се позитивни откако беше спорведено тестирање за Сарс КоВ2 и сега истите ги следат здравствените протоколи“ –се вели во соопштението од ПСЖ.