Нејмар во солзи го напушти теренот: Тите имаше што да каже по „ќотекот“ од Србите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар синоќа беше одличен на теренот против Србија (2-0), но сепак заработи незгодна повреда и го напушти теренот во солзи.

Србите немаа милост за Нејмар, па често го удираа по нозе, а отокот на неговото десно стапало по мечот покажува колку биле груби.

Докторот на репрезентацијата, Родриго Ласмар кажа дека станува збор за дисторзија и затоа на зглобот се појавил оток.

„Важно е како ќе реагира. Почнавме со третман и мора да бидеме мирни и трпеливи. Тешко е да се процени колку е сериозна повредата и колку ќе мора Нејмар да паузира поради неа“, кажа бразилскиот доктор.

Селекторот Тите по натпреварот беше оптимист и кажа дека Нејмар ќе игра на останатите дуели од Мундијалот.

„Не грижете се, Нејмар ќе игра на Мундијалот. Во тоа ве уверувам“, кажа Тите.