„Нека почнат да го гравираат името на Бензема на ‘Златната топка’“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед и Англија, Рио Фердинанд беше импресиониран од Карим Бензема и неговиот хет-трик во победата на Реал Мадрид од 3-1 против Челси во Лондон.

Фердинанд кажа дека Бензема одиграл фантастичен меч и веќе му обезбедил место на Реал во полуфиналето на Лига на шампиони (ЛШ), иако сè уште ништо не е готово.

„Мислам дека треба да почнат да му го гравираат името на Бензема на Златната топка. Тоа е идниот добитник на наградата. Неверојатниот Бензема со неговите голови го носи Реал на праг да освои неколку титули“, вели Фердинанд.